Поврзете се со нас

Англија

Мартинез изведе чудесна одбрана, аргентинскиот коментатор почна да пее во преносот (Видео)

Објавено

на

Емилијано Мартинез не знае за пораз откако се врати од Светското првенство, турнир по кој се шпекулираше дека може да биде ослободен од Унаи Емери пораади неговото однесување во Катар.

Новиот менаџер на Астон Вила експресно го демантираше тоа и посочи дека Еми е неприкосновен број еден во неговиот тим, а на довербата, новиот светски првак одговори со импресивини изданија.

Мартинез посебно добар беше денеска во победата на гостувањето кај Саутемптон, на кое режираше неколку извонредни одбрани, меѓу кои и онаа од 62-та минута.

Емилијано спречи чист гол за 1:1 во 91-та минута, но аргентинскиот коментатор на „ЕСПН“ остана највоодушевен од онаа во 62-та, по која реши да запее во пренесот.

– Дибу Мартинез, тој е аргентински голман, Дибу Мартинез, тој е светски шампион….., – гласеше кратката песна која ја смисли коментаторот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни