Поврзете се со нас

Италија

Марота отворено проговори за Лукаку и Дибала: Нема денеска да го претставиме Ромелу

Објавено

на

Бепе Марота на почетокот на овој месец најави дека трансфер активностите планира да ги заврши до почетокот на месец јули, но сепак неговата денешна изјава е доста порезервирана и открива дека преговорите со двете најголеми трансфер мети не се баш едноставни.

Иако италијанските медиуми најавија дека Интер денеска ќе го потврди враќањето на Ромелу Лукаку, Марота открива дека тоа сепак нема да се реализира до крајот на денот, но порача дека тешки се и преговорите со Пауло Дибала кој секако е трансфер цел на актуелниот италијански вицешампион.

– Денеска нема да го претставиме Лукаку. Со директорот Пјеро Аусилио имаме должност да изградиме конкурентен тим со почитување на економско-финансиската рамнотежа, во име на одржливоста на клубот.

– Има контакти и преговори, треба да ги испробате сите начини без да се плашите да не успеете. Патеката Лукаку е проодна, не го кријам тоа, но сепак треба да размислиме дали ќе можеме да дефинираме се до крај.

– Тој и Дибала се нашите цели во кои се фрливме со глава, но мора да процениме дали има финансиска адекватност. Тие се технички реалности кои би биле корисни ако направиме добри операции, во спротивно ќе продолжиме кон други цели. Освен Перишиќ кој не напушти, тимот веќе е конкурентен, – вели Марота за „Раи“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни