Поврзете се со нас

Светски првенства

Марцињак му испратил порака на Мбапе по поразот од Аргентина: Се прегрнавме и му порачав…

Објавено

на

Килијан Мбапе направи се што можеше за да Франција ја задржи светската титула, но и трите негови гола во финалето не се покажаа како доволни за славје во пресметката со Аргентина.

Напаѓачот сосема очекувано беше разочаран затоа што беше толку блиску до втор пехар на мундијалите што не е мала работа. Видовме како претседателот Макрон се обидуваше да го утеши, тука беа и некои аргентински играчи, а и судијата Шимон Марцињак му упатил неколку зборови за да му помогне да го надмине овој тежок момент во Лусаил.

-Разговорав со Мбапе по натпреварот, тој веројатно беше најемотивен. По она што се случи, тој не се задоволи со титулата најдобар стрелец на турнирот. Му честитав за игрите и му кажав дека ми е жал што загуби. Се прегрнавме и му порачав да не се грижи, бидејќи ќе освои повеќе од еден пехар, -откри полскиот арбитар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни