Поврзете се со нас

Светски првенства

Македонија запиша трет пораз и остана без главна фаза на СП

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација ја заврши групната фаза без победа на Светското првенство во ракомет и за жал не ја оствари примарната цел за која замина во Краков.

Третиот натпревар на ракометниот мундијал заврши со нов пораз за избраниците на Кирил Лазаров, овојпат од селекцијата на Аргентина која оствари неочекувано висока победа во клучниот меч за пласман во главната фаза.

Натпреварот започна доста бавно и играчите на двата тима правеа доста грешки во напад, па резултатот 6 минути беше 1:1, пред Аргентина да наметне темпо кое не успеавме да го испратиме.

Противникот доста брзо отиде на „плус 5“ и почна да ги контролира случувањата на теренот, а падот во нашата игра и многуте технички грешки во нападот и тоа како му ги олеснија работите.

Резултатот на полувреме гласеше 18:11 и стана јасно дека нашите млади ракометари се пред невозможна мисија, која само се официјализираше во вторите 30 минути.

Аргентина доста умешно го одржуваше резултатот и воглавно играше гол за гол, но на крајот го искористи и падот во концентрацијата за да слави победа со девет голови разлика (35:26).

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни