Поврзете се со нас

Балкан

Маестро Барди со два атрактивни гола ја одбележа победата на Трабзон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Trabzonspor

Енис Барди игра редовно за Трабзонспор во оваа сезона, а тоа дефинитивно влијае врз неговата форма и самодоверба и најдобар доказ за тоа е вечерашниот меч против Касимпаша во првата лига на Турција.

Избраниците на Бјелица славеа со 5-1 со тоа што еден од најдобрите на теренот беше токму македонскиот репрезентативец. Барди беше автор на два атрактивни погодоци, првиот во 28 минута кога зголеми на 2-0 и вториот во 64 кога го доведе неговиот тим до предност од 4-0.

Ова за Енис беа први сезонски голови, а има забележано и една асистенција во досегашните четири кола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни