Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

ПСЖ успеа да слави на гостувањето во Авр со резултат 0:2 и се врати со три бода во француската престолнина, а триумфот има уште поголемо значење ако се знае дека беше остварен со десет играчи на теренот.

Шампионот остана со 10 фудбалери уште во десеттата минута кога исклучување заработи Џиџип Донарума, кој реагираше малку задоцнето во обид да ја спасува грешката на својата потесна одбрана.

Италијанецот го патосираше противникот и беше испратен на предвремено туширање, а бидејќи ова е една од низата грешки кои ги направи во последно време, француските медиуми му се нафрлија и покрај победата.

Џиџио имаше голема грешка и во минатото коло во дербито со Монако, но како и тогаш, во одбрана на чуварот на мрежата повторно застана тренерот Луис Енрике.

– Не треба да се бара проблемот кај Донарума. Повеќе гледам дефанзивна грешка кај моите играчи, отколку голманска грешка. Јас сум тој кој барам од голманот да покрива и да излезе во вакви ситуации. Ако некој е одговорен за црвениот картон на Донарума, тогаш тоа сум јас. Во најголем дел од случаите, вакви ситуации ќе завршуваат позитивно за нас, кога нема да биде така, одговорноста ќе ми припаѓа мене, – изјави Лучо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни