Поврзете се со нас

Свет

„Лудакот“ Биелса повторно ќе биде селектор: Носиме некој кој ќе ни остави наследство…

Објавено

на

Познатиот аргентински стручњак, Марсело Биелса договори нов ангажман со кој ќе му се врати на фудбалот, ама на овој репрезентативниот.

Биелса беше слободен по завршувањето на соработката со премиерлигашот Лидс Јунајтед, неговото име беше поврзувано со повеќе клубови, но тој кажа „ДА“ за повикот од Јужна Америка и тоа од Уругвај.

-Единствената работа која недостасува е потписот. Носиме некој кој ќе ни остави наследство кое ги надминува 90 минути од натпревар, порача Хорхе Касалес кој е член на извршниот комитет на уругвајската фудбалска федерација.

Марсело во минатото има водено национални тимови и тоа Аргентина и Чиле.

Договорот ќе биде до 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни