Поврзете се со нас

Италија

Луда завршница на „Олимпико“: Рома со голови во 91 и 94 минута славеше над Лече (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Фудбалерите на Рома со една луда завршница и голови во судиското продолжение изборија победа над Лече од 2-1 во средбата од 11. коло во Серија А.

Римската „волчица“ беше пред пораз во својот дом или поточно губеше со 1-0 се до 91 минута кога нововлезениот Азмун со удар со глава го израмни резултатот. Меѓутоа тоа не беше се од избраниците на Мурињо затоа што во 94 минута Дибала го проигра Лукаку кој се избори за позиција и потоа и погодок за ерупција на „Олимпико“.

Со ова Белгиецот се извади затоа што на стартот на средбата не реализираше најстрога казна. Инаку Лече имаше предност од 72 минута кога Алмквист ја затресе мрежата на Руи Патрисио.

Со ова Рома на најдобар начин ги најави градското дерби против Лацио кое е закажано за наредната седмица, односно на 12 ноември.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни