Поврзете се со нас

Свет

Луда сцена по финалето во Саудиска Арабија: Навивач на Ал Хилал камшикуваше соиграч на Бензема! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ittihad_en

Ал Хилал потврди дека во моментов е убедливо најдобар тим во Саудиска Арабија, па така откако е на прагот да ја освои титулата во домашниот шампионат, триумфираше и во Суперкупот.

Во големото финале за противник го имаше актуелниот саудиски шампион, Ал Итихад, но четата предводена од Галјардо не беше доволно сериозна закана и загуби со 4:1.

Завршниот меч беше доста интересен до самата завршница и до 89-та минута беше 2:1, но потоа „сините“ постигнаа уште два гола и ставија крај на прашањето околу победата.

Бензема одново ќе се соочи со низа критики за поразот на неговиот тим во финалето, меѓутоа најнереалната сцена пристигна од фан на трибините, кој реши да камшикува негов соиграч.

Еден навивач на Ал Хилал реши да го камшикува вториот напаѓач на Ал Итихад, а Абдеразак Хамдалах беше до толку лут, што неколку луѓе од обезбедувањето го спречуваа да не направи уште поголем инцидент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни