Поврзете се со нас

Светски првенства

Луда прослава: Мартинез ја стави „Златната ракавица“ на вулгарно место (Видео)

Објавено

на

Емилијано Мартинез ја доби улогата на херој на денешното финале поради своите потези во пенал рулетот, но и поради тоа што спречи чист гол за победа на Франција во 123-та минута од неверојатниот натпревар во Катар.

Аргентинскиот голман со страшна реакција го неутрализираше ударот на Коло Муани и стана јасно дека финалето оди во пенал завршница, а и таму имаше клучна улога со една одбрана.

За време на официјалната церемонија, популарниот Дибу беше избран за најдобар голман на Светското првенство, но откако ја доби „Златната ракавица“, направи потег кој не е соодветен за еден ваков настан.

Мартинез ја стави „Златната ракавица“ на вулгарно место и го повтори потегот од Копа Америка, но додека аргентинските фанови се воодушевени од неговиот потег, оние неутралните му најдоа големи забелешки.

Со ова, Дибу дополнително покажа дека е знае да биде навистина темпераметен и во победа и во пораз, бидејќи претходно го провоцираше и Ван Гал по триумфот над Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни