Поврзете се со нас

Англија

Леви донел конечна одлука за последната понуда на Баерн за Кејн

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Даниел Леви замина на кратко семејно патување во Мајами во моментите кога Баерн Минхен испрати трета понуда за Хари Кејн, но неколку дена по доставенаиот „пакет“ од страна на баварците, првиот човек на клубот денеска возвратил со официјален одговор.

УГледните англиски и германски медиуми попладнево информираат дека газдата на Тотенхем само уште еднаш го потврдил статусот на убедливо најтежок преговарач, така што ја одбил и понудата вредна 100 милиони евра.

Според последните информации, Леви бил незадоволен од низата бонуси кои биле вклучени во договорот и фактот што фиксната сума не е приближна на 100 милиони евра, па со тоа извршува нов притисок врз одговорните луѓе во Баерн за трансфери.

Првиот човек на „петлите“ не сака да го пушти својот најдобар голгетер во историјата за сума под 125 милиони евра, па оваа трансфер сага засега не добива официјална разрешница.

Познатите новинари од Германија додаваат дека Баерн не се откажува од преговорите и размислува за четврта подобрена понуда до Леви, но има и такви кои веруваат дека клубот на крајот може се откаже и да испрати нова понуда во месец јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни