Поврзете се со нас

Светски првенства

Левандовски образложи зошто финалето во Катар било најдобро во историјата

Објавено

на

Роберт Левандовски ќе биде на принудна пауза на отворањето на вториот дел од сезоната поради суспензијата која ја заработи од шпанската Федерација, па во наредните 10-тина дена ќе мора да продолжи со работа на тренинзите, нешто што го прави по крајот на неговата Полска на мундијалот во Катар.

Искусниот голгетер направи празнично интервју за „Мундо Депортиво“ и се осврна на многу теми поврзани за Барселона, но даде и краток коментар за крајот на Светското првенство.

Според многумина, финалето кое го одиграа Аргентина и Франција беше најдоброто во историјата на фудбалските мундијали, а Левандовски посочи дека го дели тој став и даде образложение за извонредниот квалитет прикажан на „Лусаил“ стадионот.

– Да, за мене ова беше најдобро финале на Светските првенства. Сметам дека тоа беше така бидејќи финалето се играше на средина на сезоната.

– Да се играше на крајот од сезоната, играчите ќе беа изморени и немаше да одржат таков квалитет по 70 минути игра. Убавината на финалето беше тоа што се играше среде сезона и мислам дека тоа ја направи главната разлика во квалитетот кој го видовме, – изјави Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни