Поврзете се со нас

НБА

Легендарниот Ворти со комплименти за Јокиќ: Тој е како да ги гледам Меџик и Карим во ист момент на теренот

Објавено

на

foto: twitter.com/RealGM

Никола Јокиќ обожава да игра против Лос Анџелес Лејкерс и тоа уште еднаш го потврди рано утрово каде беше лидер во победата на неговиот Денвер Нагетс над „езерџиите“ во првото соочување во плејофот во западоната конференција.

Србинот имаше свое шоу со 32 поени на кои придодаде 12 скока со 7 асистенции и 2 украдени топки. Ова издание донесе нови комплименти за Јокиќ, а дел од нив дојдоа од легендата на Лејкерс, трикратниот НБА шампион, Џејмс Ворти.

-За мене Јокиќ е како да ги гледам Меџик и Карим во ист момент на теренот. Тој е бек како Меџик, носи одлични одлуки, дели перфектни додавања, а кога ќе посаката да е Карим  оди под кошот и доминира. Тој е посебен играч кој прави многу работи, -порача Ворти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни