Поврзете се со нас

Англија

Легендарниот Тери издоминира на гостинската трибина на „Енфилд“ и ги воодушеви навивачите на Челси (Видео)

Објавено

на

Џон Тери е симбол за легенда и фудбалски бесмртник на „Стемфорд Бриџ“, не само поради тоа што го има остварено во дресот за Челси, туку и поради љубовта која ја негува и одржува кон овој клуб.

Челси е во доста незавидна ситуација оваа сезона и доживеа доста турбуленции во изминатите неколку месеци, но дури и во такви моменти, Тери успеа да ги орасположи навивачите на лондонскиот клуб.

Ливерпул и Челси вчера ремизираа во големото дерби и одиграа нерешено без постигнат гол, а дел од натпреварот бил и Тери кој решил да има саботно попладне за паметење.

Џон бил присутен на гостинската трибина како страствен фан на Челси и се инфилтрирал меѓу гостинската група навивачи, која остана воодушевена од својот поранешен капитен.

– Уживав да бидам на гостинската трибина со нашите поддржувачи денес. Како играч што пристигнуваш во автобус и се упатуваш директно во соблекувалната, не можеш да го видиш или почувствуваш она што го чувствуваат навивачите. Кога се пензионирав, отсекогаш сакав да бидам на гостински терен со нашите навивачи и апсолутно ми се допадна денешниот ден. Огромна благодарност до сите наши навивачи кои патуваат низ светот поддржувајќи го нашиот голем клуб, – порача Тери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни