Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лебеф го отпиша Челси од битката за трофејот во ЛШ и ги издвои своите три фаворити

Објавено

на

Франк Лебеф се истакна како актер и спортски коментатор по крајот на играчката кариера, но бидејќи будно ги следи случувањата во Европа, си даде за право да направи една прогноза пред стартот на реванш дуелите во Лигата на шампионите.

Вечерва ќе започнат возвратните натпревари во осминафиналната нокаут рунда со пресметките Ливерпул-Интер и Баерн-Салцбург, а Лебеф вели дека токму два од овие четири тима се главни фаворити за освојување на трофејот.

Поранешниот напаѓач на Челси го отпиша тимот на Тухел од битката за титулата и не верува дека „сините“ ќе ја одбранат титулата, давајќи им предност да други двајца премиерлигаши, но и на Баерн Минхен како трет избор.

– Ќе кажам Ливерпу, Манчестер Сити и Баерн Минхен. Манчестер Сити би убил за да ја освои Лигата на шампионите. Ако го прашате било кој фан на Сити, ќе ви каже дека ја сака титулата во ЛШ, а не онаа во Премиер лигата.

– Ливерпул има историја во Лигата на шампионите и гледам како би отишле повторно до крај. Челси има историја во поново време, но Ливерпул има историја со Лигата на шампионите од времето на Киган, Далглиш и останатите. Не заборавајте, Ливерпул губеше во едно финале со 3:0 и на крајот го освои трофејот, – порачува Лебеф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни