Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров: Донесов конечна одлука, ако почнете да броите…

Објавено

на

Кирил Лазаров ќе игра ракомет на професионално ниво и на 42 години, откако донесе одлука да го продолжи договорот за уште една сезона со својот актуелен клуб Нант.

Францускиот тим кој беше пријатно изненадување во Лигата на шампионите го натера македонскиот капитен и селектор да остане уште една сезона во Франција, што во превод значи дека Кире ќе заокружи извонредни пет години во Нант. Претходно во кариерата, Лазаров пет години се задржа само во Веспрем, што доволно говори дека се чувствува фантастично во градот и во опкружувањето кое го има.

– Тоа што ќе бидам тука пет години значи дека се чувствувам одлично, исто како и моето семејство. Имам одлична конекција со навивачите, со сите во клубот и со сите соиграчи во тимот. Атмосферата е одлична, се чувствувам физички добро и сметам дека можам да имам добар придонес наредната сезона. Оваа година со пандемија исто така влијаеше врз мојата одлука, не сакам да си заминам така, ќе ми беше тешко да се поздравам на тој начин.

– Како и да е, веќе донесов конечна одлука. Ова ќе биде мојата последна сезона во кариерата како играч. Ако почнете да броите, ќе сфатите дека се огромен број години, но најважно е тоа што се чувствувам добро, телото одлично одговара и немам никаква болка. Секогаш се обидував да бидам голем професионалец, го сакам спортот, го сакам ракометот и сакам да завршам како што треба, во одлична форма, – вели Лазаров во интервјуто за официјалната веб-страна на Нант, во кое говори и за улогата како селектор.

– Сметав дека ќе ми биде многу потешко на стартот. Победивме на 3 од 4-те натпревари и тоа ми даде голема верба и мотивација. Сега имам визија на играч, но и визија на тренер. Сметам дека тоа ќе ми биде предност во последната сезона, – изјави Кире.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни