Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаревски: Имам одличен ментор во Стоилов, нè очекува целосно поинаков натпревар

Објавено

на

 

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација ги започна подготовите за вториот меч во групата А на Европското првенство, меч против домаќинот на шампионатот, селекцијата на Германија.

Германците имаа убедливо издание против Швајцарија во кое примија само 14 гола што јасно говори дека нивната одбрана, голмани се на највисоко ниво. Меѓутоа секој меч е посебен, нова приказна и избраниците на Лазаров ќе имаат што да кажат во Берлин.

-Нема да има преголема разлика во амбиентот (Диселдорф и Берлин), и оваа сала сигурно ќе биде исполнета и мислам дека тоа нема да влијае на играта, пристапот и психата. Го анализиравме нашиот меч и мечот на Германците, има време да се подготвиме и покажеме во подобро издание од првиот дуел.

-Нема споредба, тотално различен пристап, начин и стил на игра, нема премногу сличности, треба целосно да се смени планот и идеите кои треба да ги имплементираме на теренот. Германците се поинаква селекција, физички се посилни, но не се толку мобилни и тактички потковани, па играат на сурова сила и индивидуален квалитет. Пристапот треба да биде поразличен, -истакна кружниот напаѓач Милан Лазаревски на кого му се допаѓа играта седум на шест која ја игравме против Франција.

-Доста комотно се чувствувавме во играта 7 на 6, вроди со плод, игравме добро со исклучок на некои топки кои лесно ги „продадовме“, ама генерално кога игравме и 7 на 6 против Грција добро ни одеше. Ќе видиме в недела селекторот каква тактика ќе смисли, -рече членот на Вардар кој го потенцираше менторството на Столе Стоилов како многу важно за неговиот напредок.

-Неспоредливо е кога играте на домашна сцена и на вакво големо натпреварување. Конкуренцијата и противниците се на друго ниво, но подготовката на клупски план е на многу високоо ниво. Во Вардар имам фантастичен стручен штаб и одличен ментор како Столе Стоилов. Мислам дека ја искористив шансата која ми беше дадена и дека ќе бидам уште подобар во следните натпревари, -порача Лазаревски.

Средбата Германија-Македонија се игра в недела од 20:30 часот.

Митев: Ќе се бориме до последната секунда на теренот, имаат слаби страни…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни