Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта уште на стартот извојува голема трансфер победа против Реал Мадрид: Постигнат неочекуван договор со супер засилување

Објавено

на

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ќе ги почести фановите на клубот со супер засилување за следната сезона.

Имено, како што јавуваат медиумите во Шпанија, Лапорта постигнал усен договор со стоперот на Барселона, Давид Алаба кој веќе беше виден како ново засилување на Реал Мадрид.

Изминатиов период се пишуваше дека Алаба постигнал договор со Реал Мадрид, за сега угледниот „Мундо Депортиво“ да објави дека агентот на играчот, Пини Захави кој важи за пријател со Лапорта, постигнал вербален договор со првиот човек на „каталонците“.

Доколку ваквиот трансфер се случи истиот ќе биде вистинско изненадување за многумина и секако ќе значи голема победа за „старо-новиот“ претседател на Барселона, Жоан Лапорта, во дуелите на сите полиња со Реал Мадрид.

За Барселона проблем останува фактот што клубот е во голема финансиска загуба, па следното лето ќе мора да се ослободува од дел од играчите кои имаат богати договори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни