Поврзете се со нас

Италија

Лацио се огласи откако во последен момент извиси за Силва: Го почитуваме играчот, ама не…

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Лацио се огласи во јавноста со краток коментар откако во последен момент остана без договореноео засилување Давид Силва.

Искусниот Шпанец требаше да потпише за калчолигашот, сите услови беа договорени, но во самиот финиш се случи пресврт и Силва се одлучи да се врати во својата татковина во таборот на Реал Сосиедад.

Оваа негова одлука донесе големо разочарување во таборот на Лацио и кај сите негови навивачи кои во Силва гледаат големо име кое ќе може да им помогне да напредуваат и бележат што подобри резултати во наредниов период.

-Дознав за трансферот на Силва во Реал Сосиедад. Јас имам голема почит за играчот, но и за Силва како човек, -порача спортскиот директор на Лацио, Игли Таре.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни