Мото ГП
Квартараро победи во Португалија, Ринс понуди неверојатен спектакл

Трката за Големата награда на Португалија во Мото ГП шампионатот заврши со победа на Фабио Квартараро, кој со новите 25 бода се искачи на првото место во генералниот пласман и ги искористи падовите на Енеа Бастијанини и Жоан Мир.
Актуелниот првак стартуваше петти на денешната неделна трка, но брзо изби на врвот и потоа воспостави извонредно темпо кое не можеа да го пратат ривалите. Зарко кој стартуваше прв заврши на второто место, додека најголем губитник денеска е Жоан Мир кој беше буквално собран од Џек Милер додека беше третти.
Возачот на Дукати влезе преамбициозно во една кривина во 17-от круг и на тој начин му ја уништи трката на Жоан Мир кој не го криеше бесот од ваквиот расплет на настаните.
Поради ова, шанса да заврши на пиедесталот доби Алеиш Еспаргаро, а зад него заврши возачот на денот според сите вљубеници на „кралската класа“.
Алекс Ринс стартуваше 23-ти и по првите два круга изби на десеттата позиција, но не застана тука и продолжи да напредува до извонредното четврто место. Со овие бодови, Ринс сега е израмнет во генералниот пласман со Квартараро и двајцата имаат по 69 бода, три повеќе од Алеиш Еспаргаро.
Петти во Португалија денеска заврши Оливеира, зад него беа браќата Маркез, Марк и Алекс, Бањаја заврши осми, а деветти и десетти беа Пол Еспаргаро и Маверик Вињалес.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 3 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!