Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куман: Ништо не е невозможно за Барселона, ама мора…

Објавено

на

Барселона утре му гостува на Пари Сен Жермен во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, средба која каталонците ќе ја започнат со негатива од 4-1.

Токму тој резултат од „Камп Ноу“ за многумина значи дека реваншот ќе биде формалност, односно пред Барселона е невозможна мисија за пласман во четвртфиналето на елитното натпреварување. Меѓутоа шпанскиот вицешампион нема намера со бело знама да излезе на „Паркот на принцовите“ и според тренерот Роналд Куман ќе се обиде да направи чудо под услов неговите момци да бидат максимално расположени и ги искористат шансите кои ќе ги имаат на теренот.

-Ништо не е невозможно. Ние веруваме во себе. Знаеме дека во Барса мора да победуваш и ќе го покажеме овој менталитет што го демонстриравме подолго време. Ништо не е невозможно. Мора да бидеме ефикасни во играта за да имаме опции.

-Ова е комплицирано. ПСЖ е силен и се стреми да ја освои Лигата на шампионите. За да имате опција да се вратите, мора да играте многу ефикасно. Ќе се обидеме. Ние секогаш излегуваме да победиме и се надеваме дека можеме да се обидеме тоа да го направиме. Ќе биде многу тешко. Играме против тим како ПСЖ кој нема да ни дозволи многу да играме, -рече Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни