Поврзете се со нас

Свет

Културата не се купува со милиони: Џерард го водеше својот тим пред 700 гледачи на трибините (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Ettifaq

Саудиските газди вложија огромни пари за доведување на големи фудбалски ѕвезди и целта е да направи атракција од оваа лига, но проблемот е што таков успех не може да се постигне само со два-три атрактивни клуб.

Ал Наср, Ал Хилал и Ал Итихад можат да се пофалат со извонредно функционирање во секој поглед, но Стивен Џерард како тренер на Ал Етифак се запозна и со негативната страна на фудбалот во Саудиска Арабија.

Фудаблската култура во оваа земја ни одблиску не е на нивото од Европа, а тоа може да се заклучи со посетеноста на последниот првенствен меч на Ал Етифак.

Стивен Џерард го водел својот тим пред точно 696 гледачи на гостувањето кај Ал Ријад, па тоа им беше доволно на Англичаните да направат една брутална споредба.

Додека Стиви Џи и Џордан Хендерсон се соочиле со празни трибини пред неполни 700 гледачи, натпреварот во деветтата англиска лига меѓу Бури и Витеншоу го следеле 3.195 фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни