Поврзете се со нас

Европски првенства

Костадинов: Нека не сметаат за аутсајдери, подготвени сме за предизвикот

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација ја очекува настап на Европското првенство каде во првата фаза ќе играме во Букурешт и Амстердам.

Прво имаме два предизвици во романската престолнина каде ќе ги одмериме силите со Австрија и Украина за да потоа патуваме во Холандија на мегдан со „лалињата“. Во нашиот национален состав очекувано одат чекор по чекор и сега фокусот е ставен на Австријците кои се ривал кој двапати не доби во квалификациите за овој шампионат.

Сепак ова е нов меч, ново ниво и „рисовите“ се спреми да се надигруваат и остварат поволен резултат.

-Последните два теста во Скопје особено мечот со Казахстан се одлична увертира за претстојното првенство. Овие две недели ги искористивме на најдобар можен начин што подобро да се подготвиме за натпреварот против Австрија. Секој меч ќе биде тежок, огромен предизвик, затоа што ова ние прво ЕП.

-Ги знаеме нашите квалитети, подготвени сме, одиме победа на секој натпревар. Жалам што нема стадионите мада бидат исполнети до последно место, ама имајки ја предвид целата ситуација последните година ипол, добро е и ова што ќе имаме одреден процент на публика.

-Се надеваме на поддршка од нашите најжестоки навивачи. Оваа репрезентација има голем напредок во однос на последната пресметка со Австрија. Самодовербата е крената како кај играчите така и кај селекторот и целиот стручен штаб. Нека не сметаат за аутсајдери на ова првенство, тоа нас ни иде во прилог, опуштени сме, не чувстуваме никаков притисок. Поседуваме квалитет, на секоја репрезентација ќе и биде тешко да игра против нас, -истакна Тихомир Костадинов.

Фото: ФФМ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни