Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарските кадети претрпеа тежок пораз од Грција на турнирот во Скопје

Објавено

на

Foto:kfsm.mk

Македонската кадетска репрезентација го отвори вториот натпреварувачки ден на турнирот во Скопје, но она што го најавуваше првото полувреме, ни одблиску не се преслика во второто.

Во дуелот на двата соседи, врсниците од Грција направија клучна разлика во второто полувреме, што само го расипа впечатокот кој го оставија нашите кошаркари во првиот дел.

По првите две четвртини, Македонија беше резултатски во игра, но потоа следеше голем пад во играта на тимот кој го предводи Јованчев и на крајот претрпевме тежок пораз.

Посебно очајни беа последните 10 минити од денешниот натпревар во Скоје, кој им припадна на Грците со неверојатни 22:4.

На крајот, претрпевме болен пораз од 52:91, што е најлоша можна подготовка за она што следи, односно дуелот со големиот фаворит Шпанија кој се игра утревечер во 18:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни