Поврзете се со нас

Англија

Конте си ја отвори душата: Мојата задача не е да освојам титула со Тотенхем, можам да си заминам кога сакам

Објавено

на

Антонио Конте повторно влезе во турбулентен период откако со неговиот Тотенхем забележа неколку негативни резултати во серија.

„Петлите“ веќе не се во топ 4 местата на табелата во Премиер лигата и клубот веќе не е во пол позиција за Лигата на шампионите следната сезона.

Токму затоа се позачестено се зборува за смена на Конте, кој според многумина требаше да донесе дури и титула во витрините на „Вајт Харт Лејн“, но засега клубот е далеку од такво остварување.

– Мојата задача е да изградам солиден проект за Тотенхем, а не да ја освојам лигата. Ако изградам солиден проект и сум задоволен од процесот, тогаш  можам да продолжам да ја работам оваа работа и еден ден да ги видам резултатите.

– Но, ако не сум 100% убеден дека клубот оди во вистинска насока, тогаш своеволно можам да си заминам кога сакам, -изјави Антонио Конте.

Тотенхем претрпе пораз на последниот натпревар од Астон Вила и јасно е дека во клубот ситуацијата во моментов не е нималку пријатна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни