Поврзете се со нас

Англија

Конечно паднал договор: Баерн и Тотенхем си подале рака за Кејн!

Објавено

на

Foto:twitter.com/England

Баерн Минхен и Тотенхем конечно успеале да пронајдат заеднички јазик за трансферот на англискиот репрезентативец Хари Кејн.

Неколку понуди беа одбиени од „петлите“, Баерн мораше да го отвори ќесето и да ги исполни барањата на премиерлигашот и сега Кејн има отворен пат за преселба на „Алијанц Арена“.

Повеќе извори од Англија, Германија…информираат дека двете страни си подале рака за договор вреден над 100 милиони евра. Хари бараше да се реши неговиот статус пред почетокто на новата сезона во Премиер лигата, па сега останува на него да го каже последниот збор затоа што информаците деновите говореа дека ужива да работи под водство на новиот тренер Анге Постекоглу.

Тој е во последната година од договорот со клубот за кого на сениорско ниво настапува од 2011 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни