Поврзете се со нас

Формула 1

Конечна одлука: Дирекцијата на трката се огласи за двете жалби на Мерцедес (Фото)

Објавено

на

Дирекцијата на трката за Големата награда на Абу Даби ги отфрли двете жалби кои ги достави Мерцедес по крајот на трката која го одлучи светскиот шампион, а според одлуката на одговорните лица, Макс Ферстапен останува нов првак во Формула 1.

Мерцедес протестираше во два наврати и испрати две жалби по последниот и неверојатен круг во кој Макс Ферстапен го престигна Луис Хамилтон и го детронизираше како актуелен свестки првак, но четири часа по лудиот финиш, официјалното соопштение гласи дека и двете претставки се одбиени.

Дирекцијата на трката ја отфрли првата жалба на Мерцедес упатена кон директорот Мајкл Маси, кој во период од неполна минута го менуваше мислењето и предизвика конфузија на патеката. Маси најпрво соопшти дека Ферстапен ќе остане зад болидите кои заостануваат цел круг, за потоа да се премисли и да му допушти на Холанѓанецот да се најде зад Хамилтон.

Првата жалба на Мерцедес беше заснована на овој превид, но истата е одбиена, исто како и втората во која се потенцираше дека Макс Ферстапен го прекршил протоколот за време на безбедносното возило.

Мерцедес се пожали дека Макс за момент го престигнал Хамилтон пред летечкиот старт на трката, но од дирекцијата на трката посочија дека ова немало никакво влијание врз конечниот епилог, па затоа отфрлен е и вториот протест по кој станува јасно дека Ферстапен е победник и на административната маса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни