Поврзете се со нас

Македонија

„Комити“ им се заканија на Арсовска и Славевски: Ако не постапите во рок од 48 часа, следи радикализација! (Фото)

Објавено

на

Вардар оствари важна дерби победа над Работнички изминатиов викенд и ја прекина губитничката серија во домашното првенство, но како по обичај во последно време, проблемите не завршуваат со еден поволен резултат.

„Комити“ водат тешка битка веќе година наназад и се обидуваат на секаков начин да придобијат средства за нормално функционирање на клубот, а голема неповолност е тоа што на клупската каса не пристигнуваат средства кои се ветени и загарантирани.

Поради тоа, најпознатата навивачка група во Македонија денеска испрати своевидна закана до градоначалничката на Скопје и претседателот на советот на Град Скопје, односно побараа најбрзо исплаќање на средствата кои му беа доделени на најтрофејниот македонски колектив.

– Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, изгласани едногласно уште на 20.07.2023 да бидат доделени веднаш. Немате повеќе време за чекање!

– Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме, било кој да има таков однос кон клубот на народот. Затоа, упатуваме јасно барање – постапете веднаш! Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата.

– Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот. Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни