Поврзете се со нас

Англија

Клоп го расплака Хендерсон со пораката која му ја испрати (Видео)

Објавено

на

Џордан Хендерсон беше избран за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната која набрзо треба да заврши, одлука која предизвика многу контроверзи во јавноста и безброј реакции од страна на експертите.

Еден дел од нив сметаат дека Кевин Де Брујн заслужил да ја освои најпрестижната индивидуална награда во Премиер лигата далеку пред сите други, но сепак од Ливерпул цврсто стојат зад одлуката која беше донесена, а посебно воодушевен беше Јирген Клоп кој со специјална порака му честиташе на својот капитен.

– Најдобар играч во Премиер лигата, Уау….

– Ти си вистински пример дека миксот меѓу односот на теренот и талентот е клуч за успехот. Сега цел свет виде каков играч си, колку добра личност си и каков карактер имаш. Најдобрите вести се уште се пред тебе, – порача Клоп.

Оваа емотивна порака не го остави рамнодушен капитенот на Ливерпул, кој со солзи во очите ги прими зборовите од својот менаџер со кој има пријателски однос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни