Поврзете се со нас

Англија

Клоп го откри ритуалот на Ливерпул по гостувањата: Ќе бидам пијан после само едно пиво (Видео)

Објавено

на

Ливерпул го декласираше Ренџерс во второто полувреме и славеше со неверојатни 1:7 во Шкотска, што воедно значеше прва победа за тимот на Јирген Клоп на гостински терен од стартот на сезоната.

Истата доаѓа во навистина најдобро време за момците на германскиот стручњак, бидејќи во недела на „Енфилд Роуд“ ќе го пречекаат залетаниот Манчестер Сити кој делува застрашувачки со Ерлинг Халанд како лидер во нападот.

По големата победа на „Ајброкс“, Клоп беше многу подобро расположен откако на пресот пред мечот, па расположен беше и за шеги на своја сметка.

– По победи остварени на гостински терен, обично пиеме пиво. Одамна немаме пиено, па големи се шансите дека ќе бидам пијан само после едно пиво.

– Оваа победа целосно го менува расположението, но истовремено знаеме кој ни доаѓа во недела на домашен терен. Тоа ќе биде поразличен меч, но подобро е да одиме на истиот со чувствата од вечерва, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни