Поврзете се со нас

Англија

Кин ги наброја тројцата најдобри играчи во историјата на Премиер лигата

Објавено

на

Рој Кин ги избра своите тројца менаџери кои посебно ги почитува во Премиер лигата и изостави имиња како Клоп, Тен Хаг, Конте и Артета, но истовремено, даде свој осврт и за најдобрите играчи кои некогаш заиграле во англискиот фудбал.

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед го усложни прашањето кое му беше поставено, па иако од него беше побарано да ги избере тројцата најдобри играчи во историјата на фудбалот, тој првично се задржа на играчи од Премиер лигата.

– На памет секогаш ми доаѓа прв Роналдо, но исто така, барав други играчи од Премиер лигата. Покрај Роналдо, во топ три се Вејн Руни и Тјери Анри. Тоа беа три брилијантни фудбалери во своите најдобри денови, – изјави Кин, кој во топ три најдобри на сите времиња, повторно најде место за Кристијано.

– Роналдо го задржувам таму, место мора да има за Марадона, а според мене и за Зинедин Зидан. Имав доволно среќа да играм против него, тој беше неверојатен играч, – додава Рој, кој за крај ги посочи и најдобрите во Премиер лигата во овој момент.

– Де Брујне, Халанд и Роналдо. Де Брујне е убедливо најдобар во средниот ред, од коло во коло го докажува тоа. Фантастичен играч. Халанд направи нешто неверојатно откако дојде, тој е нов во Премиер лигата, но најави дека ќе доминира со години. Исто така, мора да му се даде признание и на Роналдо кој изминатиов викенд стигна до 700-от гол во клупската кариера, неверојатно достигнување, – завршува Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни