Поврзете се со нас

Германија

Келн ја сопре Борусија и му направи услуга на Баерн (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен поклони бодови на два натпревари во последно време и дозволи Борусија Дортмунд да се понадева на титулата, но со изданија како ова вечерва, „милионерите“ тешко ќе стигнат до таков успех.

Борусија Дортмунд поведе рано на гостувањето кај Кејл со голот на Волф, но почетната мајсторија не беше доволна за да оствари важна победа во битката за титулата.

Гостите од „Сигнал Идуна парк“ се надеваа дека ќе го продолжат и ќе го зголемат притисокот врз Баерн, но наместо на минус четири, сега се на минус шест од лидерот на табелата.

Келн израмни со голот на Андерсон пред крајот на првиот дел, а иако имаа цело второ полувреме, гостите не успеаја да се заканат и да постигнат втор погодок во мрежата на домашниот тим.

Овој резултат дефинитивно најмногу му одговара на Баерн Минхен, кој вчера го победи Унион Берлин и ја прекина низата од две реми средби во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни