Поврзете се со нас

Шпанија

Касемиро не можеше да ги сокрие солзите, Перез му порача: Реал беше и секогаш ќе биде…(ВИДЕО)

Објавено

на

Бразилскиот ас Касемиро се збогуваше со Реал Мадрид, клуб кој во изминативе неколку години испиша историја, клуб во кој стана еден од најдобрите играчи на светот на неговата позиција.

Големиот борец се сели во Манчестер Јунајтед, но се што направи за Реал никогаш нема да биде заборавено. Тој на денешната церемонија со која се збогуваше со шпанскиот великан не можеше да ги сокрие солзите затоа што не е мала работа да се нашушти средината која беше негов дом.

Првиот човек на составот од Мадрид, Флорентино Перез многу добро знае колку се тешки овие разделки, па испрати една убава порака до човекот чие име навивачите уште долго време ќе го паметат.

-Реал Мадрид беше и секогаш ќе биде твој дом. Ти благодариме што помогна овој клуб да биде уште поголем, -порача Флорентино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни