Поврзете се со нас

Англија

Карагер го пронајде највлијателното летно засилување во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:instagram.com/23_carra

Тотенхем е најголемо изненадување на стартот на новата сезона во Премиер лигата и е водечки тим по девет комплетирани рунди во англиската елита, нешто што никој не можеше да го замисли по заминувањето на Хари Кејн.

Анге Постекоглу е творецот на овој незаборавен почеток на „петлите“ и новиот менаџер се покажува како полн погодок од Даниел Леви, но истото важи и за најголемото летно засилување кое пристигна во Северен Лондон.

Џејмс Мадисон извонредно се вклопи во системот на Постекоглу и брзо прерасна во еден од главните лидери на Тотенхем, заедно со Хеунг Мин Сон со кого експресно создадоа опасно партнерство.

Двајцата вчера постигнаа по еден гол за победа од 2:0 над Фулам, а по мечот, Џејми Карагер посочи дека англискиот репрезентативец ќе биде највлијателно засилување оваа сезона.

– Менаџерот Анге има голема заслуга за филозофијата која ја применува во Тотенхем, но тука е и Мадисон. Тој одигра голема улога во овој почетокок, во промената која ја гледаме во Тотенхем.

– Тој дојде и ја зема „десетката“, ја зема „десетката“ на Кејн кој е најдобриот играч кој некогаш играл за Тотенхем. За мене тој е највлијателниот играч во Премиер лигата, највлијателно засилување за новата сезона, – посочи Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни