Поврзете се со нас

Италија

Канаваро го доби првиот тренерски ангажман во Серија А (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Udinese_1896

Италијанската фудбалска легенда, Фабио Канаваро и официјално го доби првиот тренерски ангажман во Серија А.

Некогашниот член на Наполи, Парма, Интер и Јувентус во досегашната тренерска кариера има кратко работено во својата татковина и тоа во второчигашот Беневенто во периодот од септември 2022 до февруари 2023 година. Сега добива шанса во најсилната конкуренција и тоа како предводник на Удинезе каде главна задача ќе му биде да обезбеди опстанок.

Клубот од Удине е на 17. позиција со 28 бода, исто колку што има и Фрозиноне кој е под цртата што јасно говори дека Фабио го очекува тешка задача во наредните пет кола, пет натпревари, пет финалиња.

Во стручниот штаб ќе бидат неговиот брат Паоло и легендата на Удинезе, Џанпјеро Пинци.

Канаваро ќе дебитира против Рома, дуел на кој ќе се одиграа 18 минути, плус продолжение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни