Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Каков татко, таков син: Чолито Симеоне испиша историја со новата партија за Наполи (ФОТО)

Објавено

на

Наполи ја прокнижи и петтата победа во исто толку натпревари во групната фаза на Лигата на шампионите, односно најнова жртва беше составот на Ренџерс кој беше поразен со 3-0.

Во овој триумф два погодоци даде Џовани Симоне, а тоа беше доволно да испише историја или поточно да го повтори успехот на неговиот татко Диего. Имено Чолито стана вториот Аргентинец кој дал четири гола на првите четири средби во ЛШ, односно по повтори резултатот на сегашниот тренер на Атлетико Мадрид.

Диего тоа го направи во 1996 година кога по два гола им даде на Стеауа и Видзев Лоџ. Воедно семејството Симеоне е второ на вечната листа која испукало најмалку по два гола на средба во ЛШ, претходно тоа го имаат направено Федерико и Енрико Киеза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни