Поврзете се со нас

Светски првенства

Кадетите ѝ одржаа лекција на Австрија на СП во Хрватска

Објавено

на

Foto:macedoniahandball.com.mk

Кадетската репрезентација на Македонија се покажува во добро светло на Светското првенство во Хрватска, а тоа го покажа и денеска со резултатот кој го оствари против Австрија.

Македонија ја забележа третата победа на турнирот и истата ни носи пласман во разигрувањето за пласман од деветтото до дванаесеттото место, што секако е добро со оглед на ривалите кои ги имавме.

Избраниците на Стојановиќ загубија од скандинавските великани Норвешка и Данска, но по двете победи над Црна Гора и Грузија, забележаа и трет триумф, прв во втората фаза на турнирот.

Поразот од Данска не влијаеше негативно врз психолошката и физичката состојба на нашите млади ракометари, кои уште од раната фаза покажаа дека се желни за победа.

Македонија замина на полувреме со предност од 14:8 и тоа беше добра најава за победата, која на крајот беше изразена со седум гола разлика (29:22).

Белистојановски постигна шест гола во првото полувреме и беше најдобар поединец во нашиот тим, но исто толку постигна и Калајџиески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни