Поврзете се со нас

Италија

Јувентус верува во него: Секулов потпиша нов договор со италијанскиот великан

Објавено

на

foto:twitter.com/cmdotcom

Македонецот со италијански пасош, Никола Секулов потпиша нов договор со италијанскиот фудбалски великан Јувентус.

Секулов неодамна дебитираше и за првата екипа на „бјанконерите“, па ова заедно со продолжувањето на соработката јасно говори дека калчолигашот верува во офанзивецот кој има 22 години.

Според новиот договор Никола треба да остане во Торино најмалку до 2027 година.

Тој сезонава беше на позајмица во Кремонезе, но откако не ја доби потребната минутажа беше вратен во Јувентус во У23 тимот.

Само да потсетиме родителите на Никола се од Македонија, тој е роден во Пјаченца и во моментов настапува за италијанската селекција иако претходно насташуваше за нашата репрезентација до 17 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни