Поврзете се со нас

Италија

Секулов дебитираше за Јувентус, Марушиќ донесе драматична победа за Лацио (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfc

Составот на Лацио издвојува драматична победа над Јувентус од 1-0 во претпоследниот натпревар од денешната програма од 30. коло во Серија А.

Домаќините беа поактивни, повеќе ја имаа топката во своите нозе, меѓутоа некои конкретни шанси на двете страни скоро и да немаше и се некако изгледаше дека соочувањето на „Олимпико“ ќе заврши без голови, односно така беше се до 93 минута кога по нафрлувањето на Гендузи, црногорскиот репрезентативец Марушиќ се најде на вистинското место и со удар со глава ја смести топката во мрежата на „бјанконерите“.

Ова за Игор Тудор е победнички старт на клупата на лацијалите кои сега имаат 46 бода. Јуве пак останува на 59, засега останува безбеден кога е во прашање Топ 4 пласманот, но ќе мора да ја крене формата затоа што Болоња и Рома се се поблиску до него.

Инаку кога е во прашање овој меч вреди да се напомене дека за Јувентус дебитираше, Никола Секулов, играч со македонски корени кој играше за нашата селекција до 17 години за да потоа го смени дресот и игра за италијаската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни