Поврзете се со нас

Италија

Јувентус остварил контакт со „замрзнатиот“ играч на Мурињо

Објавено

на

Спортскиот директор на Рома јавно посочи дека Рик Карсдорп е ставен на трансфер пазарот и дека ќе се разгледуваат сите понуди за него во јануарскиот преоден рок, а иако се уште нема официјална понуда, Јувентус стапил во контакт со „волчицата“ и претставниците на Холанѓанецот.

Десниот бек на Рома е „замрзнат“ од страна на Жозе Мурињо откако Португалецот заклучи дека дефанзивецот го предал тимот, па уште пред почетокот на мундијалот во Катар, тренерот посочи дека најдобро решение за сите ќе биде ако тој со оди од „Олимпико“.

Иако првично се веруваше дека Рома целосно ќе го раскине договорот со Карсдорп, директорот Пинто нагласи дека тој ќе си оди само ако добијат задоволувачка понуда, која според нив е 10 милиони евра.

Јувентус остварил почетни контакти и нема ништо против да добие уште еден избор на десната бековска позиција, но засега калкулира и нуди двојно помалку од она што го бара Рома.

Според италијанските медиуми, клубот од Торино е подготвен да понуди 5 милиони евра за Карсдорп, верувајќи дека неговиот статус во првиот тим на Рома ќе помогне да се добие сериозен попуст.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни