Лига на шампиони
Јовиќ: Ова не ни се случува првпат, квалитетни три четвртини не се доволни за победа во ЛШ

Екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да дојде до бодови и во петтиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите или поточно подобар од нив беше составот на Загреб кој славеше со 27:18.
Пелистер беше рамноправен ривал по првото полувреме (10-10), но по 40 минута екипата доживеа драстичен пад и на крајот претрпе и убедлив проаз од хрватскиот преставник.
-Бевме многу добри околу 43-45 минути, но потоа застанавме. Ова не ни се случува првпат и секако е нешто на што треба да работиме. Сигурно дека квалитетните три четвртини не се доволни за да се добие натпревар во Лигата на шампионите, -истакна тренерот Александар Јовиќ.
Свој коментар на натпреварот имаше и Петар Атанасијевиќ.
-Го држевме темпото до последните десет минути кога почнавме да грешиме и му дадовме шанса на Загреб да се одлепи и потоа немаше враќање. Без разлика на големиот пораз, морам да им честитам на соиграчите за добрата претстава, барем во тие 45 минути во кои бевме рамноправен противник на теренот, -порача нашиот репрезентативец.
Следниот ривал на битолчани во елитното натпреварување е полски Кјелце.
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
АТПпред 24 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…
-
Светпред 22 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година