Поврзете се со нас

Репрезентација

Јончевски со три големи засилувања на отворањето на квалификациите, Дамјан Стојановски се врати во репрезентацијата

Објавено

на

foto: https://www.fiba.basketball/eurobasket/2025/pre-qualifiers

Најсилната македонска кошаркарска репрезентација во месец февруари ќе ги одигра првите два натпревари од квалификациите за Евробаскетот во 2025-та година, а како најава за дуелите со Естонија и Полска, селекторот Александар Јончевски го достави списокот на повикани играчи.

Големо засилување за првиот квалификациски прозорец ќе биде Ненад Димитријевиќ кој игра во извонредна форма во Уникс Казањ, но за издвојување е и кам-бекот на едно добро познато име.

Дамјан Стојановски реши да направи неколкугодишна пауза од репрезентацијата како последица на повредите кои ги имаше, но капитенот на МЗТ Скопје сега смета дека е вистинско време за враќање со цел да му помогне на тимот.

Во новиот ростер ќе има и нов Американец кој допрва ќе треба да покаже што знаее и умее, а тоа е 208 сантиметри високиот Итан Хап кој настапува за Гран Канарија.

Првиот натпревар го играме против Естонија на домашен терен на 23-ти февруари, додека три дена подоцна и гостуваме на Полска.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ

Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија
Војдан Стојановски – МЗТ С.А.
Дамјан Стојановски – МЗТ С.А.
Андреј Магдевски – Пелистер
Адем Мекиќ – Задар, Хрватска
Стојан Ѓуроски – Работнички
Андреј Маслинко – Пелистер
Теодор Симиќ – Борац Бања Лука, БиХ
Бојан Крстевски – МЗТ С.А.
Кристијан Николов – Капакли Спор, Турција
Дамјан Робев – МЗТ С.А.
Виктор Ефремовски – Работнички
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Андоноски – МЗТ С.А.
Бобан Стајиќ – Работнички
Резард Мемед – КБ Или, Косово
Амар Хот – Пелистер
Андреј Шошкиќ – Работнички
Марин Петков – МЗТ С.А.
Марко Миловановиќ – МЗТ С.А.
Андреј Митревски – Феникс 2010
Виктор Ташовски – ТФТ
Ти Џеј Шортс – Париз, Франција
Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни