Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ приреди циркус при Ол стар бирањето на теренот: Ни сам не би се избрал за овој меч (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Пред почетокот на НБА Ол Стар мечот, капитените на двата тима ги бираа своите први петорки во маалски услови, а сосема неочекувано, Никола Јокиќ беше оставен за последното бирање.

Всушност, СРбинот не дочека да биде прозван од Леброн Џејмс и самиот се упати кон него, по што му стана и малку непријатно откако сфати дека зад него остана Финецот Марканен.

– Да бидам искрен, мислев дека сум послелден и дека веќе нема кој да се бира. Се почувствував лошо поради тоа, нависитна мислев дека сум последен. Не го видам Марканен, направив грешка, – изјави Јокиќ по мечот во кој неговиот тим загуби со 184:175.

Новинарите го прашаа Јокиќ дали е изненаден што остана за последната серија како актуелен двократен МВП играч во НБА лигата, на што „Џокер“ одговори.

– Ни сам не би се избрал, не сум баш создаден за овој натпревар, – одговорил низ смеа Јокиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни