Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ ја доби битката со Вучевиќ, па порача: Учев од него, тој е пример за професионалец

Објавено

на

Составот на Денвер Нагетс славеше над Орландо Меџик со 110-99 во НБА лигата, а за тоа најзаслужен беше Никола Јокиќ.

Српскиот центар запиша трипл-дабл од 28 поени, 15 скокови и 10 асистенции и со тоа ја доби битката со балканскиот колега од спротивната страна Никола Вучевиќ кој зад себе имаше скромен меч од 18 кошеви и 7 скокови.

Меѓу нив двајца има голема почит, се во одличен однос, па по средбата на Флорида си испратија комплименти.

-Никола е со најдол стаж од сите нас во НБА лигата. Научив многу од него и тој е момче кое е пример за професионалец и пример за спортист. Играме заедно на врвно ниво, бевме заедно двапати на Ол-стар, така што Никола е вистински пример за децата. Секогаш е интересно да се игра еден против друг, во дуелот што остана зад нас тој немаше своја вечер, не погоди што сезонава погодува, едноставно не му одеше, среќа за нас, -рече Јокиќ.

Членот на Орландо пак возврати:

-Секогаш е убаво да се игра против Никола, одличен играч и еден од кандидатите за наградата МВП во оваа сезона. Игра неверојатно и секогаш е интересно да се игра против него. Драго ми е што се видовме, -порача Црногорецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни