Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ изненади со стајлингот, соиграч му фати сеир: Изгледаше како праска (ВИДЕО)

Објавено

на

Никола Јокиќ не беше во комбинација за дуелот против Индијана Пејсерс, но и без негова помош Денвер Нагетс оствари сигурен триумф од 134-111.

Улогата на лидер ја презема Џамал Мари кој дојде до првиот трипл-дабл во кариерата (17 поени, 10 скока и 14 асистенции), а не треба да се заборави ниту учинокот на Арон Гордон од 28 поени.

Меѓутоа Јокиќ и покрај тоа што не беше активен на теренот се најде во центарот на вниманието и тоа поради неговиот специфичен стајлинг за кој сеир му фати токму Мари.

-Сега сфатив дека Јокиќ е најголемиот виновник што немам остварено повеќе трипл-дабл учиноци, ми ги краде топките. Ама се му простив кога го видов како е облечен бидејќи ме  изнасмеа. Не знаев дека на мечот ќе дојде маскиран во – праска, -се пошегува Џамал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни