Поврзете се со нас

Светски првенства

Јилмаз постигна еден бизарен и еден фантастичен гол, Холандија покажа големи слабости (Видео)

Објавено

на

Бурак Јилмаз се покажа како кобен за холандската фудбалска репрезентација на стартот на квалификациите за Светското првенство, а воедно, Турција ги откри сите слабости на тимот кој ќе биде наш противник на Европското првенство наредното лето.

Искусниот Јилмаз имаше партија за паметење која започна со бизарен гол, а која заврши со ремек-дело од слободен удар со кое ја потврди победата на Турција по кратиот колапс во 180 секунди.

Домашната селекција поведе со 3:0 на натпреварот во Истанбул и се чинеше дека лесно ќе ги освои бодовите, но Холандија се врати со два брзи гола и за две минути намали на 3:2 преку Класен и Лук Де Јонг. Претходно, Јилмаз го постигна првиот гол со помош на несреќниот Де Лихт по еден безопасен удар со послабата нога, зголеми на 2:0 со удар од пенал, а третиот гол го постигна Чалханоглу.

Холандија се врати во игра и понуди возбудливи 15 минути, но Јилмаз брзо одговори и со фантастичен гол од слободен удар ги постави конечните 4:2, иако „лалињата“ пропуштија шанса за 4:3 кога Депај промаши пенал во 95-та минута.

Избраниците на Франк Де Бур ги покажаа сите свои слабости на овој натпревар кој треба добро да се забележат од нашиот стручен штаб, особено пропустите во одбраната при контра-напади.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни