Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Јашари со нов триумф ја потврди доминацијата во македонскиот снукер шампионат

Објавено

на

Минатиов викенд се одржа последниот настан од „Алфа Плам Националното првенство во снукер“, односно петтото издание на турнирот каде што се освојуваат поени за крајната табела во генерален пласман.

Прашањето на титулата не беше решено претходно, бидејќи актуелниот бранител на трофејот, Берат Јашари, оваа година имаше еден пропуштен турнир (од предвидените пет), па неговите конкуренти за највисоките пласмани имаа солидна бодовна состојба.

Стандардниот формат беше 4 групи по 4 играчи, но бидејќи Јашари победи на сите турнири на кои настапи, овој пат му требаше само да помине четвртфинале за да го задржи шампионскиот пехар во снукер, па тоа и се случи. Дополнително главниот конкурент, официјално второпласиран во државното првенство, кавадарчанецот Петар Панов, со прераниот пораз во четвртфиналето на турнирот од охриѓанцот Петар Колоски, му ја олесни задачата на Берат до крајот на турнирот, па тој можеше да игра без посебен притисок, а притоа да ужива во сознанието дека и оваа година , трета по ред, титулата ќе биде негова.

Причина за задоволство имаа и сите младинци. Талентираните Чипишков и Запров, по прв пат ги поминаа групите и стигнаа во четвртфинале каде што загубија од поискусните, Јашари и А. Ставриќ, додека младинскиот првак Марко Величковски беше на чекор до сличен подвиг, но го делеше пласманот во една неверојатно изедначена група, но Филип Нешкоски отиде понатаму благодарение на критериумот за остварен повисок брејк. Нешкоски кој претходно беше во редот на младите таленти во продолжението од својот настап успеа и да изигра еден неверојатен меч со фаворитот Лукревски и да се пласира во полуфиналето. Овој дуел беше еден од најинтересните, најквалитетни, но и најпресвртливи мечеви сезонава, особено вториот фрејм, каде при водство од 1:0 за Филип, и во ситуација каде на Лукревски му беа потребни поени од снукери, успеа да се врати во мечот, па дури и да поведе со поентирање на кафената топка! На крајот, Нешкоски кој во 2019 година беше првиот младинец на Европските превнства за Македонија, успеа да се соземе и да возврати со одличен снукер, на сината, кој се покажа како пресуден за победа и пласман во полуфиналето.

Таму можеше да парира само во првите два фрејам со Јашари и на крај изгуби со 3 1, но се закити со медал за освеното 3-то место на овој турнир.

Во другата половина на елиминациските борби, Колоски по успехот над Панов (кој играше со покачена температура), успеа да покаже уште едно одлично издание во маратонскиот полуфинален меч со секогаш цврстиот противник Александар Ставриќ. На крајот, му снема енергија токму во финалниот меч со Јашари, кога беше поразен од старо-новиот шампион со 3:0, но заслужено го освои „среброто“ од овој турнир.

Во генералниот пласман на „Алфа Плам Националното првенство во снукер“ зад Јашари се најдоа Петар Панов и Павле Данилов, а репрезентативецот Владо Матоски ја финишираше една од своите најдобри сезони со пласман на четвртото место.

Во организација на Снукер Федерацијата на Македонија, на 16 декември ќе се одржи свечена церемонија на доделување на пехарот, дипломите и признанијата за најуспешните во 2023 година.

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни