Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски прв стрелец во пресметката со Калифорнија (ВИДЕО)

Објавено

на

Андреј Јакимовски со неговиот Вашингтон Стејт ја загуби драматичната пресметка против Калифорнија во НЦАА лигата.

За да се добие победникот на овој меч мораа да се играа дополнителни минути во кои играчите на универзитетот Калифорнија беа подобри со 13:7 и на крајот стигнаа до конечен триумф од 81:75.

Оваа средба сепак беше позитивна за нашиот репрезентативец и покрај поразот на Вашингтон Стејт, поточно Јакимовски беше разигран и прв стрелец во својот тим со 20 поени, 7 скока и 3 асистенции.

Најефикасен на паркетот беше Тајсон од Калифорнија со 30 кошеви.

Популарните „кугарс“ имаат учинок 13-6 и се на 5. место во својата конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни