Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски и Вашингтон Стејт продолжуваат да победуваат во НЦАА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт продолжуваат да победуваат во НЦАА лигата каде по девет одиграни натпревари имаат учинок 8-1 (победи/порази).

Последна жртва на Андреј и колегите беше тимот на Грамблинг Стејт кој беше совладан со 83:65. Ова за Вашингтон беше шесто славје во низа во кое Јакимовски имаше скромен учинок од 3 поени, 5 скока и 2 асистенции за 27 минути на паркетот.

Најефикасни во редовите на „кугарс“ беа Велс со 17 и Џонс со 16 поени.

Наредната средба за Вашингтон Стејт е против Санта Клара на 16 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни