Поврзете се со нас

Евролига

Јабуселе се јави со прва порака по бруталниот зафат над Егзум (ФОТО)

Објавено

на

foto: basketnews.com

Дисциплинската комисија во Евролигата ќе има доста работа кога е во прашање меѓу меѓу Реал Мадрид и Партизан каде се случи тежок инцидент, тепачка поради која натпреварот не го доживеа својот вистински крај поради објективни причини.

Меѓутоа „црно-белите“ официјално водат со 2-0 во овој плејоф дуел, поточно сега целото внимание е насочено кон тоа кој, кои играчи ќе заработат казни и какви истите ќе бидат. Ако се погледне она што се случуваше на теренот тогаш најтешко треба да мине Гершон Јабуселе кој имаше непотребен, брутален зафат врз Данте Егзум кој остави последици врз асот на Партизан кој потоа мораше да користи патерици за да се движи.

Во текот на денешниот ден се очекува да бидат објавени казните, но во меѓувреме дел од играчите почнаа да се огласуваат, прво тоа го направи Серхио Љуљ, а сега редот му дојде на Јабуселе кој на социјалните мрежи порача:

Се огласи играчот кој го предизвика хаосот во Мадрид: Тоа што се случи синоќа…(ВИДЕО)

-Длабока жалам за моето однесување на синоќешниот натпревар. Кошарката значи спортско однесување и пријателство. Моето искрено извинување кон Партизан, клубот со кој отсекогаш сме имале одлична врска, Данте Егзум и неговото семејство, моите соиграчи и сите навивачи, -порача Французинот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guerschon Yabusele (@guerschon__)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни